Фото: instagram.com/pfc_sogdiana

ВИДЕО | Македонскиот репрезентативец Дориев им се врати на головите во Узбекистан

Денеска во петтото коло од новата сезона во најсилното фудбалско првенство на Узбекистан екипата на Согдиана на домашен терен со 2:2 ремизираше против Коканд 1912.

Водеа домаќините со голот на српскиот интернационалец Мулиќ во 14 минута, а предноста ја зголеми македонскиот репрезентативец Љупче Дориев во 41 минута.

За нашиот напаѓач ова е втор погодок во шампионатот, првиот гол го имаше минатиот месец исто така во нерешен епилог (2:2) на гостувањето против ОКМК.

Дориев го одигра целиот меч, а гостите успеаја во текот на второто полувреме да го избегнат поразот со головите на Гадоев во 50 и Гвазава во 89 минута.

Согдиана и натаму е без триумф, се наоѓа на претпоследното 15 место со два бодови, а во следното коло на гости на 8 април ќе игра против Дин. Самарканд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот