Марио Илиевски гол од центар/Screenshot

ВИДЕО: Македонски фудбалер кој игра во Косово даде гол од центар

23-годишниот македонски напаѓач Марио Илиевски продолжува да прикажува одлични настапи во дресот на ФК Приштина, а вчера во косовското првенство постигна погодок каков што ретко се гледа.

Приштина ремизираше 1-1 против ФК Дрита, а стрелец на единствениот гол за домаќините беше токму Илиевски.

Македонскиот интернационалец погоди од центарот на теренот, мајсторски изненадувајќи го противничкиот голман и предизвикувајќи воодушевување кај присутните на трибините.

Од почетокот на првенството за Илиевски ова беше десетти гол со кој се наоѓа на второто место на листата на стрелци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FCPrishtina (@fcprishtinaofficial)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот