ВИДЕО: Македонската надеж Даци меѓу најдобрите стрелци во втората белгиска лига

даци
Девсет гола во 15 настапи на Ердон Даци за Вестерло/Фото: Luc Meynaerts/kvcwesterlo.be

Екипата на Вестерло има сериозни амбиции следната година да се врати во најсилната белгиска фудбалска лига.

Во рамките од 12 коло во втората белгиска лига составот на Вестерло славеше со убедливи 1:5 на гостувањето кај Лирс.

23-годишниот напаѓач Ердон Даци (го одигра целиот меч) беше стартер и придонесе во победата со постигнување на вториот погодок на клубот во 56 минута (0:2).

Тоа е веќе петти гол сезонава за македонскиот интернационалец за моментно второ место на листата најдобри стрелци во шампионатот, само еден помалку зад водечкиот Д. Мадернер од редовите на Ваасланд-Беверен.

Моментно на табелата води Вестерло со 27 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Ваасланд-Беверен, а на делба на третата позиција со по 16 бодови се Лирс и РВДМ.

Голот на Даци можете да го погледнете на 00:51 мин. од видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот