Фото: ФФМ

ВИДЕО | Македонија има една победа во меѓусебните дуели против Турција

Денеска со почеток од 18.30 часот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Турција.

По ремито во Сараево против Босна и Херцеговина (0:0), избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат против уште еден национален тим кој ќе учествува на претстојното Светско првенство.

Македонија и Турција се среќаваат по деветти пат, во меѓусебните дуели имаме една победа остварена во контролниот меч одигран на 4 јуни 2006 година на неутралниот терен во Крефелд, Германија, кога славевме со 1:0 со голот на Горан Мазнов.

На последниот одигран меч меѓу овие две репрезентации, исто така во пријателски натпревар во Скопје одигравме без голови (0:0). Уште еден меч заврши реми, во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство 2002, на гости одигравме 3:3.

Пријателски натпревар
31 август 1994
Македонија – Турција 0:02

Пријателски натпревар
30 август 1995
Турција – Македонија 2:1

Квалификации СП 2002
28 март 2001
Македонија – Турција 1:2

6 јуни 2001
Турција – Македонија 3:3

Квалификации ЕП 2004
12 октомври 2002
Македонија – Турција 1:2

11 јуни 2003
Турција – Македонија 3:2

Пријателски натпревар
4 јуни 2006
Турција – Македонија 0:1

Пријателски натпревар
5 јуни 2017
Македонија – Турција 0:0

Турција со Арда Ѓулер ќе ја напаѓа Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот