Фото: Screenshot

ВИДЕО | Магија на Гидсел: Данецот го постигна можеби и голот на сезоната во ЛШ

Матијас Гидсел повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите ракометари на денешницата. Данскиот ракометар вчера во Лигата на шампионите постигна гол кој сигурно ќе конкурира и за најубавите во сезоната.

Неговиот тим, Фуксе Берлин, без многу мака го совлада норвешки Колштад со убедливи 38-27 и остана единствениот тим со максимален ефект по пет кола во групата „А“ од Лигата на шампионите.

Импресионирани од мајсторијата на Данецот беа и од Европската ракометна федерација (ЕХФ), кои преку социјалните мрежи го споделија погодокот со прашање:

„Има ли нешто што овој човек не може да направи?“

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот