ВИДЕО: Лукаку слета во Лондон, да му докаже на Челси дека е еден од најдобрите напаѓачи

Белгиецот повторно во дресот на лондонските „сини“/Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Белгиецот не доби вистинска шанса во периодот од 2011 до 2014 година која одигра само 15 натпревари за „сините“ и не постигна гол, а сега доаѓа како еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Ромелу Лукаку слета во Лондон, пред да ја потпише веќе договорената соработка со Челзи

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо на „Твитер“ објави видео од белгискиот напаѓач на аеродромот Бигин Хил.

Во голем стил се враќа во клубот на Роман Абрамович, кој за него плати Интер дури 100 милиони фунти.

И тој сака да им докаже на сите дека има незавршена работа во Челси, дека погрешија што не му веруваа..

Во Вест Бромвич Албион како позајмица од Челси имаше 35 настапи и 17 голови, потоа на позајмица во Евертон со 31 настап и 15 голови. Како полноправен член на клубот од „Гудисон“ запиша уште 110 натпревари и 53 погодоци.

Направи трансфер во Манчестер јунајтед со 66 настапи и 28 голови, а за Интер со кој лани ја освои Серија А имаше 72 мечеви и 47 пати се запиша во листата на стрелците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот