ВИДЕО | Лудо танцување, а во позадина се слуша зборот „кокаин“: Финската премиерка на удар поради провокативното видео

Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм

Финскиот весник „Илталехти“ во средата објави дека во новите видео-снимки објавени на социјалните мрежи, премиерката Сана Марин е видена како се забавува со неколку фински познати личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и водителот Тини Викстрем.

На снимката што протече, поточно повеќе клипови кои се појавија на инстаграм-приказните и на Твитер, се гледа како Марин лудо танцува со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат ‘кокаин’, пренесуваат финските медиуми.

 


Финскиот пратеник Мико Кaрна од Партијата на центарот ја повика премиерката да направи тест за дрога и јавно да ги објави резултатите.

„На народот му е дозволено ова да го очекува од својот премиер“, напиша тој на Твитер.

На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, пренесе „Политико“.

– Танцував, пеев, славев, правев легални работи – рекла премиерката и додала дека не пиела многу.

Таа ја коментирал и објавената снимка.

– Верував дека, бидејќи видео-снимките се приватни и објавени на приватен настан, нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени – рекла Марин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanna Marin (@sannamarin)


Снимките предизвикаа мешани реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијално зголемување на популарноста на 36-годишната премиерка.

Марин беше на удар на критики минатиот декември бидејќи беше во ноќно излегување набргу откако нејзиниот колега од кабинетот беше позитивен на коронавирусот.

Финската премиерка во поинакво светло: Сана Марин во чизми и кожна јакна на рок фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот