ВИДЕО: Луд натпревар во Торино, два гола во продолженијата – Порто го шокира Јувентус

epa09064335 Porto?s Sergio Oliveira (3-L) celebrates with teammates after scoring his team's first goal during the UEFA Champions League round of 16 second leg soccer match Juventus FC vs FC Porto at the Allianz stadium in Turin, Italy, 09 March 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Порто обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако во неверојатен натпревар во кој беа постигнати два гола во продолженијата успеа да го елиминира големиот фаворит Јувентус.

Во реваншот кој се играше во Торино, Јувентус славеше со 3:2, но Порто оди понатаму поради повеќе голови постигнати на гости, а јунак е Серџо Оливеира кој ги постигна двата гола за португалскиот тим.
Јувентус втора година по ред настапите во Лигата на шампионите ги завршува во осминафиналето, минатата година „старата дама“ беше елиминирана  од Олимпик Лион.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Порто го најави изненадувањето со голот на Оливеира во 19. минута, но Јувентус успеа да направи пресврт во второто полувреме. Федерико Киеза со двата гола во 49. и 63. минута му донесе водство на Јувентус од 2:1, резултат со кој заврши и првиот натпревар во Португалија. Во меѓувреме, Порто остана со играч помалку поради црвениот картон на Мехди Тареми, но „старата дама“ не успеа да го пробие бедемот на португалскиот тим по што натпреварот замина во продолженија.
Во нив, вистинско лудило во последните пет минути, прво во 115. минута Серџо Оливеира го постигна својот втор гол на овој натпревар и го однесе Порто во четвртфиналето. Јувентус успеа преку Рабио да дојде до триумф од 3:2 кој беше недоволен за пласман во наредната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот