Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Лидс сигурно чекори кон опстанок во Премиер лигата

Фудбалерите на Лидс денеска освоија три важни бодови откако го совладаа победија Вулверхемптон во рамките од 33 коло во Премиер лигата.

Играчите предводени од менаџерот Даниел Фарке славеа со 3:0 на домашен терен, освојувајќи бодови што дефинитивно би можеле да значат опстанок во Премиер лигата.

Џејмс Џастин го отвори резултатот во 18 минута за водство, а само 120 секунди подоцна Ноа Окафор ја зголеми предноста.

Во самиот финиш од мечот, Доминик Калверт-Луин постигна гол од пенал во петтата минута од судиското продолжение.

По овој натпревар, Лидс се наоѓа на 15 позиција на табелата со 39 бодови, девет повеќе од Тотенхем, кој е прв во зоната за испаѓање. Од друга страна, Вулверхемптон е на дното со 17 бодови.

Во саботата се одиграа уште два натпревари: Брентфорд – Фулам 0:0 и Њукасл – Борнмут 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот