ВИДЕО: Лидија Кочовска и „Мањифико“ со најубавата божиќна честитка

Принтскрин / Youtube
Фото: Принтскрин / Youtube

На својот инстаграм – профил македонската пејачка, Лидија Кочовска сподели една прекрасна музичка изведба заедно со нејзините родители Пантелеј Кочовски – Панче и Невенка Кочовска.

Родителите на Лидија, Невенка и Панче се дел од вокално – инструменталниот ансамбл „Мањифико“ кој бил активен на сцената повеќе од 30 години.

Откако еднаш ќе го погледнете видеото уште неколкупати ќе се вратите да ја слушнете нивна моќна изведба.

Лидија под својата објава напиша:

„Нека ни е за многу години, ХРИСТОС СЕ РОДИ!. Трет пат упатена честитка од срце со „Las maňanitas“, нашата омилена, празнична композиција. Пресреќна сум, паричката нека и донесе најмногу здравје на мајка ми и сеуште солидно звучиме во троглас. Ве сакаме од срце…СРЕЌЕН БОЖИЌ“

Во текот на нивното 31-годишното постоење, „Мањифико“ настапиле во 37 земји, остварувајќи 3.700 концерти, а покрај тоа учествувале и на 600 добротворни настапи.

Покрај Панче и Невена дел од ансамблот биле Крсто Таушанов и Димитар Томов – Митко. Се проценува дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители.

Уживајте во празничната изведба на Кочовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот