Фото: EPA/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Леброн Џејмс е најстариот НБА играч со трипл-дабл учинок во еден натпревар

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, забележа 28 поени, 12 асистенции и 10 скока во победата на Лос Анџелес лејкерс од 124:104 над Далас маверикс, станувајќи најстариот НБА играч со трипл-дабл во еден натпревар.

Во својата 22 сезона во НБА лигата, Леброн Џејмс постави уште еден рекорд. На 41 година и 44 дена, „Кралот“ стана најстариот играч со трипл-дабл во победата на домашните Лејкерси над Далас.

Потребата за големи бројки и влијание врз играта произлезе од отсуството на повредениот Лука Дончиќ, кој е исто така под знак прашалник за Ол-стар натпреварот.

Во триумфот на „езерџиите“ Руи Хачимура постигна 21 поен, Остин Ривс постигна 18, а Џексон Хејс имаше 16 поени.

Гостите од Тексас дојдоа без повредениот Купер Флег, па најголемиот товар за постигнување поени падна врз Макс Кристи и Наџи Маршал кои запишаа по 19 поени, П.Џ. Вилијамс имаше 18, а Брендон Вилијамс 17.

Лејкерси влегуваат во краткиот одмор на петтото место на Западот со учинок од 33-21, додека Далас е на 12 место со (19-35).

НБА лига, резултати:

Оклахома – Милвоки 93:110
Јута – Портланд 119:135
ЛА Лејкерс – Далас 124:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот