ВИДЕО | ЛЕ: Мирчевски остана на клупата во убедливиот пораз на ТСЦ

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Тимот на македонскиот репрезентативец, Мартин Мирчевски претрпе убедлив пораз против германски Фрајбург во Лигата на Европа.

Македонскиот напаѓач не доби шанса и го проследи натпреварот од клупата за резерви. Бундеслигашот доминираше и заслужено однесе победа од 5:0, со овој пораз ТСЦ ги загуби сите шанси место во следната фаза.

Фрајбург е многу блиску да се пласира понатаму и во последните две кола потребна му е една победа, дури може да обезбеди пласман и без таа победа, ако Олимпијакос загуби барем еден натпревар.

За Мирчевски ова беше трет натпревар по ред на кој остана клупата, а во последните шест натпревари на ТСЦ настапи само еднаш и тоа во домашното првенство против Нови Пазар.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

АЕК – Марсеј 0-2

Аталанта – Штум 1-0

Бетис – Арис 4-1

Хакен – Молде 1-3

Ренџерс – Спарта 2-1

Спортинг – Раков 2-1

Вест Хем – Олимпијакос 1-0

ВИДЕО | ЛЕ: Тулуз го изненади Ливерпул, Мурињо и Рома поразени од Славија Прага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот