Сцена од спотот за насловната песна од новиот албум „Musick“ / Фото: Јутјуб / Лајбах / скриншот

ВИДЕО | Лајбах останува верен на себе со новиот албум: „Совршен спој на Џорџ Орвел и Лејди Гага“

Словенечкиот уметнички колектив Лајбах во интервју по повод новиот албум „Musick“ зборува за односот меѓу поп-културата, политиката и современите општествени процеси, оценувајќи дека денешниот поп не може да се одвои од поширокиот идеолошки контекст.

„Кај нас попот никогаш не е само обичен поп“, велат од групата, нагласувајќи дека секогаш постои „уште едно ниво“ кое ја отвора врската со поширокото значење.

Новиот албум, објавен на 1 мај, е создаден како реакција на времето во кое музиката може да се генерира со вештачка интелигенција, па затоа тие свесно се враќаат кон „канонски“ начин на продукција. Насловната нумера, „Musick“ излезе со спот во режија на Мортен Травик, кој го опишува како „совршен спој на Џорџ Орвел и Лејди Гага“.

„Ако денес можеш да ‘испумпаш’ поп со вештачка интелигенција, тогаш е уште поважно да разбереш како настанал тој јазик“, објаснуваат тие.

Колективот се осврнува и на регионалните политички и културни парадокси, посочувајќи дека идентитетите на поранешна Југославија не исчезнале, туку се трансформирале. „Историјата не се затвора — таа само ги менува формите“, велат членовите на групата.

Сцена од спотот за насловната песна од новиот албум „Musick“ / Фото: Јутјуб / Лајбах / скриншот

Во својот препознатлив и провокативен стил, тие коментираат и за подемот на десничарски и националистички мотиви во популарната музика во регионот:

„Денес многумина веруваат дека Томпсон е подобар од Лајбах. Патем – зар и тој не е со српско потекло? Така барем прочитавме…“

Албумот „Musick“ го опишуваат како комбинација од поп-звук и критичка анализа на современата реалност, продолжувајќи ја нивната долгогодишна пракса да ја користат музиката како средство за општествен коментар.

„Лајбах“: Украинците ни го откажаа концертот поради нашето тврдење дека Русија е главниот, а не единствениот агресор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот