Фото: EPA/FEDERICO PROIETTI

ВИДЕО | Лацио понижен на Олимпико, Батурина и Паз го водат Комо на европската сцена

Фудбалерите на Комо предводени од тренерот Сеск Фабрегас вечерва убедливо победија против Лацио на стадионот Олимпико со резултат 3:0 во Серија А.

Така, овој тим остана на шестото место на табелата со 37 бода и е во трката за една од позициите кои водат во Европа следната сезона. Римски Лацио е моментно деветти на табелата во италијанскиот шампионат со 28 бода.

Фудбалерите на Комо ги шокираа навивачите на Лацио по само две минути, кога хрватскиот фудбалер Мартин Батурина постигна гол за водство од 1:0.

Во 24 минута, на семафорот веќе беше 2:0, а за тоа се погрижи аргентинскиот интернационалец Нико Паз. Истиот играч промаши пенал во 35 минута.

Но, Паз сепак успеа да се запише во листата на стрелци по втор пат на овој меч, кога Батурина му асистираше, и го запечати убедливиот триумф на својот тим во 49 минута.

Комо ќе биде домаќин на Торино во следното коло, додека Лацио ќе гостува кај составот на Лече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот