Куче херој во САД ги водеше полицајците да го пронајдат исчезнатото момче/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Куче херој во САД ги однесе полицајците до исчезнато момче

На интернет се шири видео кое го прикажува моментот кога куче во Луисвил, САД, им покажува на полицајците како да го пронајдат малото момче кое било пријавено како исчезнато.

Видеото, кое е снимено со камера поставена во полициска униформа, ги прикажува полицајците како пристигнуваат во домот на тригодишното момче, кое било пријавено како исчезнато од неговите родители.

Штом ќе излезат од патролното возило, се појавува куче кое почнува интензивно да лае кон нив. Се движи и се обидува да ги насочи кон ограда.

Кучето е напред и по некое време ја води полицијата до автомобил. Тие ја отвораат вратата и внатре е малото момче кое, како што се испостави, се криело од своето семејство.

Според Си-би-ес њуз, детето е во добра здравствена состојба, додека кучето е опишано како херој бидејќи многу придонело за пронаоѓање на малото момче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот