ВИДЕО | Кртолица: Една изборна единица има многу слабости и може да доведе до блокирање на институциите

доц. д-р Марко Кртолица
доц. д-р Марко Кртолица / Утрински брифинг

„Пржинската Влада“ дојде во еден многу специфичен период, во време на една голема политичка криза, со идеја дека најголемата опозициска партија ќе учествува во организацијата на изборите. Од ваквото решение гледаме дека не сме имале доверба дека институциите имале кредибилитет да спроведат регуларни избори, изјави за Утрински Брифинг доц. д-р Марко Кртолица.

-За едно сум убеден дека политичката состојба сега е драстично различна, јас се уште имам сомнеж дали институциите се подготвени. Мислам дека е дојдено време да ја тргнеме „Пржинската Влада“. Можеби е добро време да се коментира изборните промени. Една изборна единица е постојано прашање кое се провлекува и идеја на малите политички партии кои сметаат дека од тоа би добиле повеќе пратенички позиции, вели тој.

-Во принцип една изборна единица содржи сама во себе голем број слабости. Се има впечаток дека малите партии се премногу лојални на своите политички коалиции. Не верувам дека е подобра опција од моменталната. Сметам дека може да доведе до блокирање на институциите. Мене ме плаши моментот дека поголем број политички партии внатре ќе го отежнат составувањето влада и може да се доведеме многу често да бидеме без Влада, вели Кртолица.

Една изборна единица ќе го запостави регионалниот пристап. На пример може да се доведеме до ситуација во која можеби дури 80 пратеници ќе бидат од Скопје а со тоа да се дојде до маргинализација на останатите региони.

Кога се заговара една изборна единица природно се наметнува и изборниот праг… Очекувам дека големите партии ќе го отворат прашањето за задолжителен праг, вели за Утрински Брифинг доц. д-р Марко Кртолица.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот