Фото: EPA/Davide Casentini

ВИДЕО | Костиќ постигна гол по 85 секунди, Јувентус успешен на дебито на Спалети

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ не можеше да посака подобар почеток на натпреварот меѓу фудбалерите на Кремонезе и Јувентус во Серија А, бидејќи веќе беше стрелец на стартот.

Беше втората минута од играта, или само 85 секунди, кога Костиќ одлично се снајде по левата страна и испрати одбиена топка во мрежата за водство на Јувентус.

Ова е прв гол за Костиќ за клубот од Торино оваа сезона, додека претходно запиша една асистенција – во петте натпревари што ги одигра за „бјанконерите“ во италијанскиот шампионат.

Покрај Костиќ, во почетниот состав на Јувентус од првата минута беше уште еден репрезентативец на Србија, Душан Влаховиќ во дебито на новиот тренер на екипата, Лучијано Спалети.

Јуве на крајот победи со 2:1, со голот постигнат од Камбијасо во 68 минута. Стрелец на почесниот гол за за домашниот тим беше Џејми Варди во 83 минута.

Јувентус е на петтата позиција на табелата со 18 бодови, додека Кремонезе е на деветтото место со 14 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот