ВИДЕО: Костиќ и официјално нов фудбалер на Јувентус

Филип Костиќ беше пречекан од навивачите на Јувентус/фото: EPA-EFE/Tino Romano

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ денеска ги помина лекарските прегледи во Торино и потпиша тригодишен договор со италијанскиот гигант Јувентус.

Трансферот на Костиќ ќе го чини Јувентус 17 милиони евра, а доаѓањето на Србинот на лекарски прегледи и потпишувањето на договорот предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на „старата дама“ во Торино.


Навивачите на Јувентус се собраа во голем број за да му посакаат на 29-годишниот фудбалер кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Лигата на Европа кога го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до европскиот трофеј.

На официјалната интернет страница на Серија А, Костиќ е веќе пријавен како нов играч на Јувентус, а од Србинот се прости и сега веќе неговиот поранешен клуб, Ајнтрахт.
– Трансферот е завршен: Филип Костиќ потпиша за Јувентус. Крилниот напаѓач по четири години минати во Франкфурт му се приклучува на италијанскиот тим. Ти благодариме за сè, машино! Се најдобро во Италија! – објави германскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот