ВИДЕО | Колекцијата гитари на фронтменот на „Дајр стреитс“, Марк Нопфлер на аукција: Една чини и до 500.000 евра

Фото: WIktor Szymanowicz/NurPhoto/Shut / Shutterstock Editorial / Profimedia

Британскиот музичар и поранешен фронтмен на „Дајр стреитс“ (Dire Straits), Марк Нопфлер, продава голем дел од својата колекција гитари на аукција во Лондон, а дел од приходите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, пишува „Ројтерс“.

Колекцијата, која вклучува некои од најзначајните гитари од 50-годишната кариера на Нопфлер, е изложена во аукциската куќа „Кристи“ пред продажбата на 31 јануари.

– Тоа е прекрасна колекција од 122 предмети на Марк Нопфлер што ја опфаќа целата негова кариера… – изјави Кери Кин, стручен советник за музички инструменти на аукциската куќа.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Црвената гитара Schecter Telecaster од 1983 година користена за снимањето на хитот на Dire Straits „Walk of Life“ и вклучена во придружното музичко видео се проценува на 4.000 до 6.000 фунти (4.669 до 7.000 евра).

Реизданието на Gibson Les Paul Standard ’59 од 1983 година, користена за песната „Money for Nothing“, во која се наоѓа еден од најпознатите гитарски рифови на Нопфлер, се проценува на 6.000 до 8.000 фунти.

Од аукциската куќа „Кристи“ велат дека оригиналната верзија на Gibson Les Paul од 1959 година, користена од Нопфлер за настапи во 2000-тите, најверојатно ќе ја достигне највисоката цена на продажбата, со проценка од 300.000 до 500.000 фунти.

„Тоа е навистина посебен винтиџ инструмент кој сам по себе, без оглед на Марк Нопфлер, е многу вреден“, вели Амелија Вокер, специјалист за приватни и култни колекции на аукциската куќа, која ја предводи продажбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот