ВИДЕО | Коцо: Правата на поранешните претседатели се преголеми и се товар за буџетот

Вера Коцо сега од Институтот за човекови права
Вера Коцо, Институт за човекови права / Утрински брифинг

За институцијата претседател на државата, претседателот на државата добива 95 милиони денари од Буџетот за 2022 година. Во Институтот за човекови права се подготвува Закон за скратување на правата на поранешните претседатели и нивните семејства.

-Нашата земја е со скромни можности. Во постојниот закон нема временско ограничување на времетраењето на правата на поранешните претседатели, па доаѓаме во ситуација да одвојуваме средства за двајца или повеќе претседатели. Секако дека експретседателот не треба да се остави без примања, но дали треба да прима плата до крајот на животот до колку актуелниот претседател, вели поранешната врховна судијка Вера Коцо сега од Институтот за човекови права.

Таа појаснува дека поранешниот претседател добива кабинет, тројца службеници, службено возило и возач. Канцеларискиот простор не е дефиниран и може да биде несразмерно голем. Со новиот закон тоа би требало да се регулира како и правата на семејствата на претседателите.

Во случајот со покојниот претседател Борис Трајковски, во законот е предвидено неговата сопруга доживотно да прима претседателска плата, а неговите деца имаат право на стипендии за школување во земјата или во странство како и за покривање на сите животни трошоци во текот на школувањето.

Како се регулирани работите во соседството и какви се приликите со другите поранешни претседатели?

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот