ВИДЕО: Коби Брајант постхумно примен во Куќата на славните, емотивен говор на сопругата Ванеса

Коби Брајант со Лејкерси дебитираше во НБА во сезоната 1996/1997/ фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Коби Брајант пет пати ја освојуваше титулата во НБА лигата, 18 пати играше на ол-стар натпреварите, а беше и МВП на сезоната.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант кој минатата година заедно со својата ќерка Џиана и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа, постхумно беше примен во кошаркарската Куќа на славните на свеченост која поради пандемијата на коронавирусот се одржа осум месеци подоцна.

Покрај него, во класата 2020 нови членови на Куќата на славните во Спрингфилд се и кошаркарите Кевин Гарнер, Тим Данкан, тренерот Руди Томјанович, колеџ тренерот Еди Сатон, тренерите на женските колеџ екипи Ким Малки и Барбара Стивенс, кошаркарката Тамика Качинс и поранешниот генерален секретар на ФИБА, Патрик Бауман.

Коби Брајант пет пати ја освојуваше титулата во НБА лигата, 18 пати играше на ол-стар натпреварите, а беше и МВП на сезоната 2007/08.
– Личната статистика на Коби зборува се, тој беше на посебно ниво. Никогаш не одеше преку ред во кошарката, даде се од себе што имаше за неа – изјави неговата сопруга Ванеса Брајант.
– Успеа, сега си во Куќата на славните. Ти си вистински шампион. Не си само МВП, ти си кошаркарски великан. Толку се гордеам со тебе. Засекогаш ќе те сакам, Коби Бин Брајант – додаде Ванеса.

Тим Данкан пет пати беше НБА шампион, а целата своја кариера ја помина во Сан Антонио спарс каде сега е помошник тренер.
Кевин Гарнет најголем дел од својата кариера ја помина во Минесота и Бостон со кого во 2008 година ја освои титулата.
Ким Малки беше тренер на Бејлор Универзитетот со кого освои три титули, за неодамна да си замине од таму и да седне на клупата на ЛСУ Универзитетот.
Барбара Стивенс оствари 1.058 победи во универзитетската кариера до 2020 година кога се пензионира, додека Тамика Качинс десерт пати играше во ВНБА ол-стар натпреварите, а во 2011 година го доби и МВП признанието.
Руди Томјанович како тренер на Хјустон рокетс освои две шампионски титули (2004 и 2005), додека Сатон со четири убиверзитетски екипи играше на фајнал-фор турнирот, а Патрик Бауман е поранешен генерален секретар на ФИБА и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет.
Класата 2021 година за Куќата на славните ќе биде објавена денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот