ВИДЕО: Клиниката за дерматологија пренаменета во ковид центар, другите пациенти префрлени на Ендокринологија

доктор Дејан Филиповиќ
Доктор Дејан Филиповиќ

Младите лекари од Клиниката за дерматологија имаат ново задолжение, грижата за ковид пациентите, откако нивната матична клиника е повторно пренаменета во ковид центар. Нивните постари колеги остануваат да се грижат за пациентите со кожни болести во амбулантите на Клиниката.

За ковид пациентите се одвоени 28 кревети, од кои 26 се веќе зафатени, информира д-р Дејан Филиповиќ, специјалист дерматовенеролог.

– Ова е втор пат како Клиниката за дерматологија ги става на располагање своите капацитети за помош на болните од ковид-19. Просторот од болничкиот дел го ослободивме за ковид пациенти, а нашите болнички пациенти ги префрливме на Клиниката за ендокринологија, рече денеска во Утрински брифинг д-р Дејан Филиповиќ, од Клиниката за дерматологија.

Тој додава дека како на специјалисти за кожни болести во работата со ковид пациентите откриле и низа нус појави од болеста, кои како тим ќе ги објават во посебен медицински труд.

– Нашата Клиника подготвува труд кој ќе биде објавен меѓународно, а се однесува на опаѓањето на косата како последица на ковид вирусот. Нашите досегашни согледувања велат дека жените чувствуваат повеќе последици за разлика од мажите, но тоа ќе треба да го докажеме. Сепак, тоа е реверзибилен процес, тоа значи дека косата повторно се враќа, уверува нашиот соговорник.

Грижата за здравјето на пациентите со ковид иако не е во доменот на нивната потесна специјализација сепак ја прифаќаат и пожртвувано ја работат лекарите од Клиниката за кожни болести.

– Тешко ни беше да бидеме анестезиолози и инфектолози, ние сме дерматолози. Не сме навикнати во нашата болница да умираат пациенти. Но, доктори сме, имаме положено Хипократова заклетва дека ќе помагаме и моравме да излеземе во пресрет. Сега веќе сме во одличен ритам, целокупниот тим од Клиниката за дерматологија одлично си ја извршува својата работа, вели д-р Филиповиќ.

Инаку, делумната пренамена на болницата не влијае врз работењето со пациенти кои имаат потреба од специјалистички прегледи. Повозрасните колеги кои работат со нив се под постојан работат под постојан притисок поради преполовеноста на персоналот, вели д-р Филиповиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот