ВИДЕО | Ќерката на Еминем за борбата со неплодноста: „Со месеци се молевме за ова мало чудо“
Семејството на светски познатиот рапер Еминем наскоро ќе стане побогато за уште еден член. Неговата ќерка Алајна Скот откри емотивни детали за долгата борба со неплодноста низ која поминале со партнерот.
Препорачано
Имено, 32-годишната Алајна, чија биолошка мајка е покојната Даун Скот – сестра на поранешната сопруга на Еминем, Ким Метерс – на 22 ноември на Инстаграм се осврна на тешкиот и исцрпувачки процес.
„Месец по месец се молевме за ова мало чудо. Никој не ве подготвува колку е тешко да се обидуваш да зачнеш и колку силно те исцрпува емоционално. Секој месец се надеваш дека можеби токму тоа е моментот… дека конечно е нашиот ред“.
Алајна, која во 2023 година се омажи за Мет, откри и необично трогателен начин на манифестирање на бременоста.
„Кога го градевме домот, напишавме молитва на ѕидовите, надевајќи се на здраво бебе и позитивен тест во 2025 година. На тие исти ѕидови стоев кога му кажав на Мет дека нашите молитви се остварија. Таму ќе го растеме нашето девојче“, напиша таа.
Во видеото што го сподели, го покажува моментот кога првпат видела позитивен тест на бременост.
„Едвај чекам да го држам нашето девојче и да ја сакам со цело срце. Расти, душо, се гледаме многу скоро“, додаде таа.
Алајна, која Еминем ја посвои во почетокот на 2000-тите, ќе го роди неговото второ внуче. Во март годинава, неговата ќерка Хејли Џејд го роди својот син Елиот, кој сега има осум месеци.
Хејли призна дека мајчинството ѝ го сменило погледот кон својот татко.
„Со тек на време сфатив колку му било тешко – да сака да ја заштити нашата приватност, а истовремено да биде горд и да сака да нè слави,“ изјави таа за „Пипл“.


