ВИДЕО | Ким плачеше пред камерите: Се чувствувам како лузерка!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Објавена е најавата за последната сезона од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, а најмногу внимание привлече сцената во која Ким Кардашијан плаче.

Тизерот открива дека фановите ќе добијат увид во проблемите во бракот на Ким и Канје Вест, кои на крајот завршија со нејзино поднесување на барање за развод. Сцената ја прикажува расплаканата Ким опкружена со најблиските членови од семејството, а на раката се гледа нејзиниот веренички прстен.

„Се чувствувам како лузерка“, изјави таа во видеото.

Претходно оваа година беше објавено дека Ким во новата сезона од реалното шоу ќе зборува за својот брак, а американските медиуми пренесоа дека Канје „не бил воодушевен“ од емитувањето на деталите.

Ким и Канје, кои заедно имаат четири деца, биле на брачно советување пред Ким минатиот месец да поднесе барање за развод. Тие во брак беа шест години.

Премиерата на последната сезона од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ ќе се емитува во четврток на 18 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот