Ким Кардашијан - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Ким Кардашијан вели дека Четџипити е виновен што паднала на правосудниот испит: „Дава погрешни одговори, па почнувам да му викам“

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан (45) откри дека користела Четџипити додека учела за правосуден испит и тврди дека популарната алатка за вештачка интелигенција повеќе ја попречила отколку што ѝ помогнала, пишува „Пипл“.

Ким зборуваше за своето искуство со вештачката интелигенција во интервју за серијата „Тест за детектор на лаги“ на списанието „Венити фер“, каде што актерката Тејана Тејлор ја испрашуваше за различни аспекти од нејзиниот живот, од љубовни совети до нејзиниот однос со технологијата.

Кога ја прашале дали го користи Четџипити за животни совети, љубовни совети или можеби го гледа како „пријател“, Кардашијан првично одговорила негативно. Сепак, таа признала дека го користела за правни совети додека се подготвувала за испити.

„Секогаш кога ми треба одговор на правно прашање, ја сликам задачата и ја прикачувам на Четџипити. Но, тој често ме води до погрешен одговор, па затоа постојано паѓам на тестови поради тоа. Потоа се нервирам и почнувам да му викам“, рече Ким со насмевка.

Тејлор се пошегува, прашувајќи дали тоа значи дека таа и Четџипити се всушност пријатели и соперници во исто време.

„Да, точно“, потврди Ким. „А потоа одговори: „Ова само те учи да им веруваш на сопствените инстинкти – цело време го знаев одговорот“, рече таа.

Според „Венити фер“, оператор на полиграф потврдил дека Кардашијан не лажела кога зборувала за користење на Четџипити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот