Рускиот шпионски брод „Килдин“ во пламен / фото: „Икс“

ВИДЕО | Киев тврди: Погодена е последната руска фрегата во Црното Море

Руската фрегата „Адмирал Григорович“, опремена со крстосувачки ракети „Калибр“, била погодена од украински поморски дронови за време на синоќешниот напад врз Новоросијск, соопшти командантот на Силите за беспилотни системи, Роберт Бровди, пренесува„ Украинска правда“ .

Според пишувањето на порталот „Дифенс експрес“, фрегатата „Адмирал Григорович“ била последната преживеана руска ракетна фрегата со системот „Калибар“ во Црното Море.

Операцијата ја спроведе единицата „Птахи“ (Птици) на Првиот посебен центар на силите за беспилотни системи, а ја испланирала и координирала Безбедносната служба на Украина (СБУ).

Бровди додаде дека разузнавачките служби собираат информации за обемот на штетата.

За потсетување, руските локални медиуми и власти синоќа известија за напад со беспилотни летала врз рускиот град Новоросијск. Рускиот Телеграм канал Астра наведе дека целта бил нафтениот терминал Сескарис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот