Кети Пери/ Џастин Бибер - Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ katyperry

ВИДЕО | Кети Пери се пошегува за време на настапот на Џастин Бибер на Коачела: „Фала му на Бога што има Јутјуб премиум“

Кети Пери успеа да ги насмее обожавателите со шега за време на настапот на Џастин Бибер, на фестивалот Коачела, кој се одржа во саботата во Калифорнија. Додека 32-годишниот пејач дел од настапот помина зад лаптоп, пребарувајќи ги сопствените песни на Јутјуб, нејзиниот коментар од публиката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во видеото, Пери низ шега изјави: „Фала му на Бога што има Јутјуб премиум, не сакам да гледам реклами“, што предизвика бројни реакции кај публиката и на интернет.

„Го кажа тоа што сите го мислиме“, „Ќе беше пресмешно ако навистина се појавеа реклами“, „Кети од настапот на Бибер направи комедија, тајмингот ѝ беше совршен“ – беа дел од коментарите.

Инаку, Кети Пери присуствувала на концертот на Бибер заедно со својот партнер Џастин Трудо.

Кети Пери и Џастин Трудо – Фото: Инстаграм/katyperry

Бибер го започнал својот настап нешто подоцна од планираното, околу 23:25 часот, дочекан со овации од публиката, а на сцената се појавил во лежерна комбинација – кратки панталони, дуксер и очила за сонце.

Постоела и загриженост дека силните пустински ветрови би можеле дополнително да го одложат настапот, но пејачот сепак излегол на време.

На почетокот изведе понови и помалку познати песни, меѓу кои и „All I Can Take“ од 2025 година, додека најголемите хитови ги остави за подоцна во програмата.

За време на изведбата на „Speed Demon“, Бибер се осврна на медиумските шпекулации за неговото ментално здравје, пеејќи: „Се обидуваат да кажат дека сум луд, но сега го пеат секој стих“.

Во еден момент им се обрати на фановите и ги замоли гледачите на преносот во живо да предложат песни што сакаат да ги слушнат.

Во продолжение на настапот, Бибер преку лаптоп пушташе видеа од своите претходни хитови и пееше заедно со нив, вклучувајќи ги „Baby“, „Beauty and a Beat“, „Never Say Never“ и „All That Matters“. Исто така беа прикажани и стари снимки од неговото детство на Јутјуб, пред да биде откриен од Ашер и Скутер Браун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот