Кети Пери / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Кети Пери е мета на критики: Ја фрли роденденската торта, а танчарите јадеа од подот

Поп-ѕвездата Кети Пери беше мета на остри коментари на социјалните мрежи откако буквално фрли торта на подот за време на забавата по повод нејзиниот 40-ти роденден, додека нејзините танчари, во обид „да го спасат денот“, почнаа да ја јадат од подот, пренесува „Пејџ сикс“.

Видеото ја прикажува пејачката зад сцената за време на нејзината тековна турнеја „Lifetimes“. Сè уште во сценскиот костим, Кети ги издува свеќите на огромната торта додека беше опкружена со целиот тим. Откако ги издува свеќите, таа се обиде да ја фрли тортата кон човек во костум и со слушалки, но промаши и тортата заврши размачкана на подот.

Наместо да се засрами, Кети се насмевна, додека некои членови на нејзиниот тим клекнаа на колена и почнаа да собираат парчиња од тортата директно од подот, предизвикувајќи бура од реакции на интернет.

Една корисничка на „Икс“, која тврди дека нејзината мајка била таа што ја направила тортата, го објави видеото со огорчен коментар.

– Мајка ми беше воодушевена што имаше можност да направи торта за Кети Пери. Вложи многу труд, и искрено сум збунета и разочарана што Кети се однесуваше вака“, напиша таа.

Коментарите брзо почнаа да се редат.

– Ме интересира каков менталитет е тоа – да се фрли целата торта што секој можеше да ја изеде… И да се остави нередот некој друг да го исчисти – напиша еден корисник.

Иако повеќето коментари беа негативни, имаше и неколку кои ја бранеа.

– Тоа е нејзина торта – може да прави што сака со неа – гласи коментарот.

Други истакнаа дека некои познати личности намерно ги „уништуваат“ тортите донирани од обожаватели од безбедносни причини.

– Понекогаш ѕвездите го прават ова за да избегнат евентуално труење. Само што повеќето го претставуваат како случајност – тоа е верзија на настаните.

Засега, Кети Пери не реагираше, ниту даде изјава во врска со инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот