Кејт Бекинсејл / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

ВИДЕО | Кејт Бекинсејл тврди дека момчето на нејзината ќерка снело јајце: „Излезе онака како што излегува и од кокошка“

Актерката Кејт Бекинсејл раскажа необична и донекаде бизарна приказна.

Сè започнало кога таа го спомна момчето на својата ќерка Лили Шин во шоуто на Џими Кимел, тврдејќи дека тој е еден од ретките луѓе на кои сериозно го кренала гласот во својот живот.

Кејт Бекинсејл објаснила дека, и покрај таа епизода, токму тој ја донел најнеобичната приказна, но и единствената трошка радост во текот на тешкиот период во кој ги загубила двајцата родители.

Актерката рекла дека момчето наводно се соочило со настан што звучи сосема неверојатно – двапати во една недела снело јајце!

Иако и самата се посомневала во целата ситуација, таа рекла дека јајцето имало и лушпа и жолчка. Според нејзините зборови, момчето било шокирано од првиот настан, па дури едното јајце го скршил за да провери што се наоѓа внатре, наведувајќи дека изгледало како да е „сварено внатре“.

Нејзините сомнежи беа разрешени кога доби СМС-порака од својата ќерка во текот на нивното патување во Њујорк, во која Лили тврдела дека сè се случило повторно. Бекинсејл истакнала дека момчето на нејзината ќерка било навистина исплашено и дека дури го прашала дали можеби некако, на некој начин самиот ги вметнува јајцата, но заклучила дека тоа би било исклучително тешко да се направи без оштетување.

– Излегло онака како што би излегло од кокошка. Па, не од неговата вагина. Отишол во тоалет и бил многу изненаден кога открил дека снел јајце – рекла таа, пренесува „Си-ен-ен“ и додала:

– Му реков: „Дали е ова некаков вид барање внимание? Дали буткаш јајца во задникот?“ Но, мислам дека е доста тешко да се бутка јајце во задникот, а потоа да се извади цело без да се оштети јајцето.

Кога актерката му ги покажала на водителот фотографиите што ги добила од ќеркаta, Кимел бил изненаден и се пошегувал дека момчето би можело да биде „велигденското зајче“.

 

Поради оваа необична приказна, Кејт Бекинсејл речиси и не успеала да го спомене својот најнов филм „Дива мачка“ (Wildcat), кој штотуку почна да се прикажува во кината.

ФОТО | Смело издание на актерката: Кејт Бекинсејл се прошета по боди и екстремни чизми со платформа од 25 сантиметри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот