Рама и Касами / Фото: социјални мрежи / скриншот

ВИДЕО: Касами залудно чекаше да се ракува со албанскиот премиер, Рама го стави „на игнор“

Непријатна ситуација за градоначалникот на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами, се случила вчера во албанскиот град Валона, на официјалниот прием во рамките на одбележувањето на Денот на албанското знаме, 28 ноември и 113-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија.

На снимка која се врти по социјалните мрежи и во медиуми, се гледа како албанскиот премиер Еди Рама се движи низ толпата и доаѓа до местото на кое стои Касами, по што се поздравува со дел од луѓето кои се со него, меѓу кои и со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Но, кога се очекуваше Рама да се поздрави и со Касами, албанскиот премиер целосно го изигнорира тетовскиот градоначалник и продолжи да се движи меѓу луѓето на приемот.

Во медиумите на албански јазик и на социјалните мрежи видеото покрена лавина од реакции и коментари, како и од толкувања за можните причини за игнорирањето. Дел од коментарите забележуваат дека студениот однос на албанскиот премиер бил поради блискоста меѓу Касами и косовскиот премиер Аљбин Курти, со кого Рама не е во најдобри односи. Други, пак, велат дека изгледало како Рама воопшто да не знае кои се луѓето со кои се поздравува, па многу веројатно е тој воопшто да не го познал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот