ВИДЕО | Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за новата песна „Дај на сунце“

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева/Миомир Милиќ

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева вечерва го промовираше видеоспотот за нејзината нова песна, со што пријатно ја изненади нејзината верна публика од целиот регион.

Денеска во 19 часот, на својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за својата нова песна со наслов „Дај на сунце“, а позитивните реакциите од обожавателите се нижеа една по друга.

Песната премиерно денеска беше пуштена и во 12.30 часот на српското радио „Накси“. Каролина специјално за радиото изјави дека во оваа песна е вложено многу љубов и дека се надева дека ќе ѝ се допадне на публиката.

„’Дај на сунце’ значи ‘дај му го тоа убаво лице на сонцето’, но јас не би открила премногу“, објасни Гочева за „Накси“.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева/Миомир Милиќ

Инаку, на песната „Дај на сунце“ работела со музичари од Сараево. Автор на музиката и текстот е Дино Мухаремовиќ, а аранжманот го направил Дино Шукало. Видеоспотот е во режија на Миомир Милиќ.

По објавата на Јутјуб, пејачката на својот инстаграм-профил напиша:

„’Дај на сунце’ сега достапна на мојот јутјуб канал! Од утре во 19 часот ќе може да ја слушате и на сите стриминг платформи. Уживајте!“, напиша Каролина.

Во продолжение погледнете го видеоспотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот