Фото: Принтскрин / Јутјуб

ВИДЕО | Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за нејзината нова песна „Мог живота дио“

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева вечерва го промовираше видеоспотот за новата песна, со што пријатно ги изненади нејзините верни обожаватели од целиот регион.

Имено, денеска во 19 часот, на својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за својата нова песна со наслов „Мог живота дио“, а позитивните реакциите од обожавателите се нижеа една по друга.

„’Мог живота дио’ беше љубов на прво слушање. Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа… би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене“, напиша Каролина во објава на социјалните мрежи.

Автор на музиката и текстот е Дино Мухаремовиќ, а аранжманот го направил Дино Шукало. Видеоспотот е во режија на Миомир Милиќ.

Во продолжение погледнете го видеоспотот:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот