ВИРАЛНО ВИДЕО | Калуѓерки се веселат на приватна прослава: Играат и уживаат со хитовите на Зорица Брунцлик

Фото: Принтскрин / TikTok

На социјалните мрежи се појави видео од приватна прослава. Покрај бројните гости во фокусот на вниманието се две калуѓерки кои одлично се забавуваат на прославата.

Гостинките се облечени во својата црковна облека додека танцуваат и се веселат заедно со другите гости.

Може да се забележи дека гостите непотребно изгледаат зачудено додека калуѓерките уживаат во прославата, а еден од нив успеал и да ги сними без нивно знаење.

 

Видеото за кратко време стана вирално, а според коментарите на корисниците на „ТикТок“, може да се забележи дека добиле поддршка од јавноста на споменатата социјална мрежа.

„Кој пее зло не мисли“, „Ајде бре, и тие имаат душа“, „Живи луѓе, што да се прави“, се само дел од коментарите и реакциите на видето.

Иако не е познато каде е направено видеото и за каква прослава се работи, од приложеното можеме само да заклучиме дека се големи обожавателки на Зорица Брунцлик бидејќи уживаат додека ја пејат нејзината песна „Kasikica“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот