ВИДЕО | Калиопи: Кога почина татко ми имав два концерта во Србија, мислев дека нема да имам глас

Фото: Промо

Во јуни во 2022 година, почина таткото на Калиопи, Панта Буклески, со кого таа беше многу поврзана и се грижеше за него во последните години од неговиот живот. Кога ѝ јавиле за загубата, Калиопи била во Србија и требала да одржи два концерта, а оваа за неа болна приказна ја раскажа во „Еден на Еден“.

Фото: Промо

– Во јуни месец почина татко ми, сабајлето ми кажаа а јас вечерта имав концерт. И сето тоа мораше во мојата глава да се организира, да направам прво еден стоп емоцинален. За веста знаеше само менаџерката Лорета, Маја и Јулија, придружните вокали. Ги замолив да остане тоа така, додека не заврши концертот“, рече Калиопи и додаде дека во меѓувреме со семејството ја организирале целата церемонија за испраќање на татко ѝ, кога ќе се врати во Македонија. Но, како што рече, таа морала рационално да размислува, најмногу поради концертот.

– Јас во петокот имав концерт во Ниш, во саботата на Фрушка Гора, и мислев дека нема да имам глас. И кога почнавме, кога ја видов публиката, тоа ми даде многу сила. И кога сфатив дека никогаш полесно не сум пеела од таа ноќ, гласот ме служеше, не можам да ви кажам како. Пеам и си велам: „Од каде излегува овој глас?“ И во тој момент нормално, човек ќе си почувствува, си велиш: „Тоа мора да е тато, тоа мора да ми помага тој на некој своој начин“, раскажа Калиопи.

Целата емисија од првиот дел од разговорот со Калиопи е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на следниот линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот