Фото: EPA/TOLGA AKMEN

ВИДЕО | Каков шок за Ливерпул во 95 минута, Адли стрелаше за триумф на Борнмут

Фудбалерите на Ливерпул повторно ги разочараа своите навивачи откако денеска на гости загубија од Борнмут во 23-то коло од Премиер лигата со резултат 3:2.

Во 26 минута Еванилсон донесе предност за Борнмут, а Хименез ја зголеми предноста во 33 минута. Непосредно пред паузата во 45 минута гостите намалија преку ван Дајк.

Играчите на Арне Слот стигнаа до израмнување во 80 минута со погодокот на Собослај по асистенцијата на Гакпо.

Домаќините дојдоа до победата во петтата минута од судиското надополнување преку мароканскиот интернационалец Амине Адли.

Ливерпул е на четвртото место по седмиот пораз сезонава со 36 бодови, додека Борнмут кој дојде до седмата победа е на 13 место со 30 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот