Фото: Screenshot

ВИДЕО | Каков момент: Меси случајно се појави на фотографија на млад пар во Барселона

За многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, пред две вечери неочекувано се појави во Барселона, предизвикувајќи вистинска бура на социјалните мрежи. Аргентинецот, во друштво на пријатели, го посети „Камп Ноу“  стадионот на кој речиси две децении ја воодушевуваше фудбалската публика ширум светот и испрати емотивна порака која ги допре сите навивачи на клубот.

На интернет сега се појави и интересно видео, на кое се гледа млад пар како се фотографира на улиците на Барселона. Во еден момент, зад нив сосема опуштено поминува Меси, а момчето, видно шокирано, го следи со поглед додека Аргентинецот мирно продолжува по својот пат.

Во објава на Инстаграм, Меси призна дека му недостига времето во Барселона.

„Тоа е местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме натеравте да се чувствувам илјада пати најсреќниот човек на светот. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам и тоа не само за да се простам како играч, како што никогаш немав можност…“, стоеше во неговата порака.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот