Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

ВИДЕО: Каков меч, два црвени картони, играчите туркаа амбулантно возило..!

Брага и Порто одиграа 1:1 во првиот полуфинален натпревар од португалскиот куп. Но, резултатот не открива што сè се случуваше на тој меч.

Гостите го завршија соседското дерби со девет играчи откако во 70 минута исклучен беше Диаз, во 97 минута Урибе.

Објаснувањето за тоа како овој последниот доби црвен картон, и за тоа како домаќинот погоди во „102-та минута“, а натпреварот се играше без продолженија, е самиот случај од 71. минута.

Тогаш Кармо се повреди од домашната екипа, а по него на теренот веднаш дојде брзата помош. Но, откако повредениот фудбалер на Брага беше донесен во возилото, истото заглави во калта на тревникот.

Фудбалерите на двата тима реагираа, туркаа заедно и го истуркаа големото и тешкото комбе од теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот