ВИДЕО | Како од Цирих во Македонија – олеснителна платформа за судскиот систем “чека” на имплементација дома

Паулина Грнарова / Утрински брифинг
Паулина Грнарова / Утрински брифинг

Македонката Паулина Грнарова од Скопје e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен и извршен директор. Со користење на вештачката интелигенција креирана е платформата за унапредување на алатките во прaвната професија, со што ќе се овозможи поголема ефикасност на правните системи.

Рангирањето од списанието Форбс за Грнарова е дополнителен поттик за натамошна работа, но и потврда дека со посветеност се доаѓа до врвни резултати.

-„DeepJudge“ е старт ап формиран во Швајцарија. Копманијата се занимава со правни работи и се базира на софтвер на вештачка интелигенција која што ние го имаме развиено. Софтверот работи така што може да ги разбира податоците кои се дел од легални документи и понатаму им помага на адвокати или сите оние што се справуваат со легални податоци, да им ја оптимизира работата, изјави за Утрински брифинг Грнарова.

-Моментално најмногу работиме на швајцарскиот пазар. СОработуваме со голем дел од адвокатските куќи, целиме да почнеме соработка со судството овде а понатљаму да се развиваме на другите пазари. Први на листа ни се земјите кои зборуваат германски јазик, Германија, Австрија, па понатаму се надеваме дека ќе стасаме до Македонија, вели Грнарова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот