ВИДЕО: Како непознатата давеничка од Сена стана „најбакнуваната жена“?

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Лицето на удавената жена што лебдеше на Сена стана едно од најпопуларните уметнички дела.

Кон крајот на 19 век, беше пронајдено тело на млада жена како плови по Сена. Колку и да беше трагичен овој случај, во тоа време не било невообичаено во Париз, луѓето барале излез од мизеријата, болест или некоја лична несреќа скокајќи од еден од мостовите, а оваа несреќна жена наскоро ќе беше заборавена засекогаш… Денес, еден век подоцна, илјадници луѓе го гледаат нејзиното лице секој ден.

Приказната вели дека патологот, кога го видел тело на жената удавена во Сена некаде во 1880-тите, бил толку маѓепсан од нејзината убавина што наредил да се направи посмртна маска, пишува „National Geographic RS“ .

И тогаш, ликот на непозната жена стана едно од најпопуларните уметнички дела во светот.

Непознатата жена од Сена

Патолог од мртовечницата во Париз на пријателите им го покажал првиот модел на лицето на непознатата удавена жена. Во исто време, моделарот што ја направил маската ја поставил пред неговата работилница и за изненадување на сите, Парижаните наскоро започнале да нарачуваат реплики.

Направени се неколку копии од маската, а до 1900 година, репродукциите на „Непознати жени од Сена“ станаа моден детаљ во домовите низ цела Европа. Нејзиното лице стана инспирација за бројни уметници, писатели и поети како Набоков, Рилке, Ками и Анаис Нин, а дамите сè повеќе го имитираа нејзиниот изглед и изразот на лицето.

Сепак, колку и да беше популарна, „непознатата дама на Сена“ со текот на времето веројатно ќе паднеше во заборав, да не беше друг случај што засекогаш го обезбеди нејзиното место во историјата.

Како непозната жена од Сена стана Еми?

Извесен куклар по име Асмунд Лердал му го спасил животот на неговиот син во 1955 година по давење со вдишување воздух во белите дробови, на принципот „уста на уста“. Неколку години подоцна, кукларот добил наредба да направи апарат за вежбање на техниката на кардиопулмонална реанимација, која сè уште се користи.

Лердал направил кукла и сакајќи да изгледа помалку страшно, заклучил дека е најдобро куклата да  има женско лице. Тогаш се сетил на маската од ѕидот во куќата на неговите родители. Станувало збор за „непозната жена од Сена“.

Токму ова лице и денес се користи за моделирање на лицето „спасете ја Ени“ – кукла на која се практикува прва помош низ целиот свет! На шега се вели дека таа е „најбакнуваната личност“ што некогаш постоела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот