Фото: Aleksei Isachenko / Panthermedia / Profimedia

ВИДЕО | Како да направите белите чорапи повторно да блеснат: Потребни ви се неколку состојки

Трик споделен на TикTок покажува како да ги вратите белите чорапи во првобитната состојба со помош на тегла и неколку состојки.

Овој клип е прегледан повеќе од 6 милиони пати, а во него се гледаат советите што тиктокерката ги добила од нејзината баба.

Таа ги покажа белите чорапи кои покажуваат знаци на истрошеност и боја која не се симнува и покрај тоа што се перени во машина за перење и ги стави во тегла.

Потоа во истата тегла додала капсула детергент за перење, лажица морска сол и лажица сода бикарбона. Потоа откинала парчиња алуминиумска фолија и од нив направила топчиња и ги додала во теглата.

@katesi_tik this is the best trick for white socks #cleaning #cleaninghacks #lifehack #tipsandtricks #tipsandtrick ♬ original sound – theycallmethedrink4

На крај додала топла вода и сè измешала со лажица. Ја затворила теглата, добро протресла и ја оставила да делува 10 минути.

Откако ги извадила чорапите од теглата, тие биле целосно бели, без жолтите и сивите траги кои биле на нив претходно.

Сода бикарбона, која е една од состојките во оваа смеса, често се препорачува за отстранување на дамки од облеката. Уште еден од советите за чистење ја вклучува токму оваа состојка.

Трикот вклучува подготовка на средство за чистење за кое ви треба топла вода, сода бикарбона, малку оцет, детергент и малку сол. Во поголем сад истурете 500 мл топла вода, лажица сода бикарбона и лажица детергент.

Потоа додадете уште една клучна состојка во растворот за чистење – една лажица алкохолен оцет. На крајот додадете половина лажица сол. Мешањето на смесата заедно ќе ги одржи вашите чорапи чисти без триење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот