ВИДЕО: Јувентус со пресврт славеше на Сицилија

Јувентус со три бода се враќа од гостувањето во Сицилија/фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Фудбалерите на Јувентус славеа со 1:2 на гостувањето кај Калјари во рамки на 32 коло од Серија А и се зацврстија на четвртото место на табелата.

„Старата дама“има 62 бода, четири помалку од Наполи и Интер, а осум повеќе од Рома на шест кола до крајот.

Јувентус до победата на Сицилија дојде со пресврт бидејќи Калјари по само десет минути игра имаше водство. Жоао Педро по одлично изведениот контра напад го совлада Шчешни во 10. минута.

По примениот гол играчите на Јувентус заиграа поофанзивно и постигнаа гол преку Пелегрини кој беше поништен бидејќи топката го погоди Рабио во раката. Сепак, до крајот на првиот дел, Јувентус успеа да дојде до израмнување благодарение на Матијс де Лихт кој во 45 минута беше највисок по центаршутот на Квадрадо и го совлада Крањо.

Победата и трите бода за Јувентус ги обезбеди зимското засилување, Душан Влаховиќ во 75 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот