Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО | Јувентус рутински до победа над Џенова во Серија А

Фудбалерите на Јувентус денеска ја совладаа Џенова со 2:0 дома во Торино, во натпреварот од 31 коло од италијанската лига.

Домаќинот поведе со голот на Бремер во четвртата минута, а конечниот резултат го постави Вестон МекКени со гол во 17 минута.

Џенова имаше шанса да постигне гол од пенал во 75 минута, но ударот на Арон Мартин од пенал го одбрани Микеле ди Грегорио, кој влезе во игра во 46 минута на местото на повредениот Матија Перино.

Јуве е петти на табелата во Серија А со 57 бода, додека Џенова е на 14 место со 33 бода.

Тимот на Лучијано Спалети ќе игра на гостински терен во Бергамо против Аталанта во следното коло, додека Џенова ќе биде домаќин на Сасуоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот