ВИДЕО: Јувентус нокаутиран од Макаби, Сити издржа со играч помалку во Копенхаген

Макаби слави голема победа над Јувентус во ЛШ/Хаифа, Израел/11 октомври 2022/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Денеска во четвртото коло од групата „Х“ во Лигата на шампионите составот на Јувентус го претрпе и третиот пораз овојпат на гостувањето кај Макаби Хаифа со 2:0.

Израелците ги одржуваат шансите за понатамошен пласман и останување на европската сцена, нивни херој на дуелот во Хаифа беше Атцили кој двапати ја затресе мрежата на Шчесни во седмата и 42 минута.

Во рамките од групата „Г“ Манчестер сити одигра без голови (0:0) на гостувањето кај ФК Копенхаген во Данска.

„Граѓаните“ можеа да ја запишат и четвртата победа сезонава, но Марез во 25 минута не успеа да реализира пенал.

Претходно поради играње со рака беше поништен погодок на гостинскиот фудбалер Родри, а од 30 минута премиерлигашкиот гигант остана без еден играч на теренот поради црвениот картон на Гомез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот