ВИДЕО | Јoсифовски: Тутунарите не смеат да бидат изиграни

Не само кај мене, туку воопшто во Македонија – тешко на оној кој што се одлучува за една агрокултура. Ние немаме стабилно стопанство, откуп. Јас садам и пипер и житарици, дури и се занимавам и со ѕидарија за да може да се живее некако. Факт е дека досега никогаш не се случило цела откупна сезона да се истера со задоволство на тутунопоризводителите. Се нешто ја кочи работата. Лани завршницата беше катастрофална. Ни треба работа во континуитет. И да постигнеме добра цена оваа година, сето ќе биде бадијала ако наредната година треба повторно да излеземе на улица. Значи фали стратегија, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Васко Јосифовски, тутунопроизводител.

Секоја година се склучуваат договори и секоја година договорите се изготвени од откупувачите и оставени сме на земи или остави – потпиши или немаш договор. Цените се наредени според класите на откупувачот. Некогаш е за плачење кога се влегува во откупен пункт, раскажува Јосифовски.

Откупувачите редовно спрема производителите се однесуваат како волци према јагниња. Точно е дека понекогаш има подметнувања од страна на тутунарите, но не разговараме за тоа. Законот за тутун е многу јасен. Кутија над 60% лош квалитет оди кај оние што се со таков квалитет. Но тутун од трета рака, одлично исушен, неоштетен наместо да завршши во втора или прва класа, овие го ставаат во трета. Во Македонија тутун за четврта класа од два тона тутун максимум може да најдете 10 до 15 килограми, вели Јосифовски.

-Квалитетот на тутунот не е нешто полош од ланскиот. Зошто се појави вишок? Излезе поради добрите хидролошки услови, од друга страна откупувачите не се спремни да го соберат ни ова што е редовно договорено, затоа што се полакомија по ефтиниот тутун што го увезуваат од страна. Тука државата треба да го заштити својот интерес. Кај нас тутунарството е фрлено на маргините. Не може да се грижите за тутунарите со тоа што ќе ни фрлите коска, а месото ќе го земете и разделите на два-тројца во државата– вели Јосифовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот