Фото: Denver Nuggets

ВИДЕО: Јокиќ сака да игра против Сакраменто, на две средби ги наполни со 69 коша

По домашната победа минатата недела, Денвер нагетс повторно беше подобар од Сакраменто кингс, овојпат на гостински терен, славејќи со 122-108. За актуелниот шампион ова беше осма победа на првите десет натпревари од сезоната.

„Нагетси“ ја добија последната четвртина со 37-26, со што го скршија отпорот на мотивираниот противник и рутински ја потврдија победата. И овојпат Никола Јокиќ беше главна фигура со 35 поени, 15 скока и 7 асистенции. Српскиот ас во двата дуели со Сакраменто сезонава имаше вкупно 69 поени, продолжувајќи да им задава главоболки на кошаркарите на Кингс.

Кај домаќините најрасположен беше Јубанкс со 19 поени, додека Расел Вестбрук беше блиску до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и 8 скока.

Денвер со биланс 8-2 останува на втората позиција на Западот, веднаш зад Оклахома Сити Тандер, а ист скор има и Сан Антонио спарс. Од друга страна, Сакраменто е длабоко под линијата за плејоф, со само три победи на 11 натпревари, на претпоследното место во конференцијата.

РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Торонто 109-119
Њујорк – Мемфис 133-120
Оклахома – Голден Стејт 126-102
Филаделфија – Бостон 102-100
Јута – Индијана 152-128
Сакраменто – Денвер 108-122

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот