ВИДЕО | Joкиќ постигна 53 поени, но и влезе во дуел со сопственикот на Феникс

Фото: Screenshot

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата и стигна до дабл-дабл во кој постигна 53 поени и подели 11 асистенции, но неговиот Денвер го загуби натпреварот и Феникс изедначи на 2:2 во серијата.

Сепак, покрај настапот Јокиќ се најде во центарот на вниманието и поради дуелот кој го имаше со сопственикот на Феникс, Мет Ишбија. Во обид да спаси загубена топка, Јокиќ се најде во публиката каде што влезе во конфликт со Окоги кој веднаш не ја даде топката, па Јокиќ го турна. Медиумите во САД најавуваат дека Србинот би можел да добие дополнителна суспензија од НБА за овој потег.

Кога е играта на паркетот во прашање предводници на Феникс беа Девин Букер и Дурент со по 36 поени, додека Лендри Шамет додаде 19. Сега серијата се враќа во Денвер во 5-тиот натпревар.

До изедначување на 2:2 дојде и Филаделфија на Истокот откако по продолженија беше подобра од Бостон со 116:115. Најдобар во редовите на Филаделфија беше Џејмс Харден со 42 поени, дабл-дабл запиша и Ембид со 34 поени и 13 скока. Кај Бостон Тејтум стигна до дабл-дабл од 24 поени и 18 скока, Џејлен Браун уфрли еден поен помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот