Јокиќ и Карл-Ентони Тунс со јакна со Свети Ѓорѓи/Screenshoot

ВИДЕО: Јокиќ не можеше да поверува дека Карл-Ентони Таунс носи јакна со Свети Ѓорѓија

„Ол-стар“ натпреварот кој се одигра синоќа во Лос Анџелес донесе  атракции на теренот, но една сцена од соблекувалната стана вистински хит на социјалните мрежи. Во центарот на вниманието беа Никола Јокиќ и Карл-Ентони Таунс.

Ѕвездата на Њујорк Никси на спектаклот се појави со јакна со претставата на Свети Ѓорѓи како го убива змејот, според православната црковна традиција. Тоа го изненади Јокиќ кој во прв момент се запрашал дали воопшто станува збор за тоа.

„Навистина ми се допаѓа, вистинско уметничко дело е. Ми се допаѓаат шевовите, деталите, особено шаблонот според кој е изработена. Ја добив како специјален примерок, направен по моја мерка и има само 25 вакви во светот. Искрено, не знаев дека мотивот е дел од христијанската традиција. Го поздравувам Јокиќ и му благодарам – ќе мора да ги научам лекциите по историја“, изјави Таунс пред новинарите.

За ситуацијата се огласи и Јокиќ.

„Ја гледам јакната и ми беше чудно, но не погрешив, бев во право, нели?“

ВИДЕО: Јокиќ и Дончиќ потфрлија – младите ѕвезди од САД победија на „Ол-стар“ спектаклот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот