ВИДЕО | Јокиќ до нов трипл-дабл, погоди и од половина терен
Eкипата на Денвер изминатата вечер се врати на победничките патеки во НБА лигата славејќи со 125–115 над Мемфис.
Препорачано
Никола Јокиќ не блескаше како што знае, но за 30 минути на паркетот повторно ја потврди својата доминација во лигата. Во самиот финиш од третата четвртина погоди тројка од половина терен, а и покрај послабата вечер за негови стандарди стигна до својот десетти трипл-дабл сезонава. Натпреварот го заврши со 17 поени, 10 скока и дури 16 асистенции, бројки доволни да го држат Денвер во сигурна контрола.
Со двата свои најдобри потези, фантастичното додавање зад грб до Вотсон и потоа прецизниот пас до Мареј за лесни поени практично го реши натпреварот. Покрај Јокиќ, најрасположен за игра беше Џамал Мареј со 29 поени, додека Пејтон Вотсон уфрли 27. Кај Мемфис, Џок Лендејл беше најистакнат со 26 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Детроит 117-122
Торонто – Кливленд 110-99
Бруклин – Њујорк 100-113
Мајами – Далас 106-102
Мемфис – Денвер 115-125
Милвоки – Портланд 103-115
Њу Орлеанс – Чикаго 143-130
Феникс – Хјустон 92-114
Голден Стејт – Јута 134-117
Сакраменто – Минесота 117-112
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
26мин
-
51мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


