ВИДЕО: Израелките пресилни, ЖРК Куманово убедливо елиминиран од Европскиот куп
Откако во еден крајно драматичен меч на првиот дуел во понеделник минимално загуби македонската женска ракометна екипа, денеска во реваншот од второто коло во Европскиот куп доживеа висок пораз и елиминација.
Препорачано
На возвратниот дуел исто така одигран во Раман Ган во Израел составот на ЖРК Куманово загуби од составот на Макаби Аразим со 43:23.
Уште на самиот почеток од средбата се најавуваше победникот и патникот во следната фаза, израелскиот претставник поведе со 6:1, а по 10 минути игра на семафорот стоеше „плус седум“ за Макаби Аразим (9:2).
Противникот одржуваше предност од седум-осум голови разлика, а на паузата ЖРК Куманово имаше негатива од 21:13.
Ништо не се смени во вториот дел, позитивата на ривалот само растеше, во 40 минута беше високи 32:15 и до крајот на мечот само прашање беше со кој резултат ќе заврши натпреварот.
Во победничките редови девет голови запиша Хавронина, а осум голови беа дело на Лубјанаја.
На спротивната страна за нашиот претставник Алмеида Кошта имаше седум погодоци, а по четири Цветановска и Богоеска.


