Грета Тунберг/Фото: EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

ВИДЕО | Израел нема да дозволи бродот на Грета Тунберг да стигне до Газа, објави „Џерусалем пост“

Израелските власти одлучија да не дозволат бродот „Мадлин“ што се упатува кон Газа, во кој е и Грета Тунберг, да се приближи или да се закотви покрај брегот на Газа, објави „Џерусалем пост“.

Министерот за одбрана Израел Кац ќе одржи состанок во четврток за да разговара за ова прашање и да донесе понатамошни одлуки за тоа како да се реши проблемот.

Меѓу опциите, јавуваат израелските новинари, е воопшто да не се дозволи бродот да се приближи до израелска територија или морнарицата да го придружува до пристаништето Ашдод и да ги уапси активистите.

Бродот, кој исто така носи хуманитарна помош, превезува 12 лица, вклучувајќи го и шведскиот активист и актер Лиам Канингем, кој глумеше во серијата „Игра на тронови“.

Претходно во средата, израелската армија изјави дека е подготвена да го „заштити“ поморскиот простор на земјата, додека во понеделник, портпарол на Израелските одбранбени сили изјави дека „ја спроведуваат поморската блокада на Газа и се подготвуваат за различни сценарија“, без да даде дополнителни детали.

ВИДЕО | Грета Тунберг тргна со брод за да ја пробие опсадата на Газа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот